ФОТО | „Биди ИН – Биди ГРИН“ – Средно ветеринарно училиште се рекламира на автобус на ЈСП

СУГС Браќа Миладиновци Фото: Фејсбук

Средното ветеринарно училиште Браќа Миладиновци со реклама на автобус на ЈСП ги повикува полуматурантите да се запишат во нивното училиште.

„Многу работи го красат Скопје. Од пред некој ден нашиот автобус е уште еден прекрасен украс на нашето Скопје. Можете да го видите и во Аеродром и во Ново Лисиче; и во Железара и во Автокоманда; и во Волково и во Драчево… Всушност, нашиот автобус е покана до сите деветтоодделенци „од цел свет“ да дојдат, да го почувствуваат нашето училиште и од септември да бидат наши ученици. Биди ИН – Биди ГРИН!“, пишува во објавата на СУГС Браќа Миладиновци.

Покрај рекламата на автобусот на ЈСП, СУГС Браќа Миладиновци организира и еднодневни посети за основците во нивното училиште.

СУГС Браќа Миладиновци Фото: Фејсбук
СУГС Браќа Миладиновци Фото: Фејсбук
СУГС Браќа Миладиновци Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот