Села го свика партиското собрание за одлука со кого одат во коалиција на парламентарните избори

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села на претстојните избори ќе биде дел од Европскиот фронт, коалицијата предводена од ДУИ. Одлуката, како што изјави Села, е донесена едногласно, на денешната седница на Централното собрание на партијата.

Села смета дека нема можност за самостоен настап на изборите поради судскиот спор за партиските печати. Од Коалицијата Вреди го потсетија Села дека доколку одлучи да настапи самостојно претседателот на Алијанса Таравари веднаш ги даде печатите за да се завршат кандидатските листи.