Учесник во хрватското шоу „Вечера за 5“ починал по снимањето: Семејството на починатиот бара да се емитува епизодата со него

Вице Мартиновиќ / Фото: PRINTSCREEN / RTL

Вице Мартиновиќ од Шибеник, кој пред неколку месеци ја снимал емисијата „Вечера за 5“, починал по снимањето.

Оваа недела „Вечера за 5“ ги прикажува емисиите снимени во Шибеник. Инаку, Вице Мартиновиќ, кој бил рибар, пред неколку месеци учествувал на снимањето на кулинарското шоу во Шибеник.

Сепак, според желбата на неговото семејство, РТЛ ќе ја емитува емисијата, пишува „Јутарњи.хр“.

– За жал, господинот Мартиновиќ почина веднаш по снимањето. Неделната „Вечера за 5“ се прикажува по желба на семејството на господинот Мартиновиќ, на кого му го изразуваме нашето сочувство – јавиле од РТЛ телевизија.

Вице Мартиновиќ обожавал да оди на риболов, ги обожавал традициите на својот далматински регион, уживал да игра кошарка и да поминува време со своите пријатели.

Во текот на шибеничката недела „Вечера за 5“ се дружел и готвел со Иван Брнадиќ, Флоријан Жижиќ, Милорад Каспер Мишковиќ и Горан Гргуричин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот