Новак Ѓоковиќ имаше поволен ждреб за турнирот во Рим

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ денеска имаше добар ждреб за турнирот во Рим каде што нема да настапт Карлос Алкараз и Јаник Синер, па така Србинот е голем фаворит за освојување титулата.

Ѓоковиќ посакува трофеј во Рим за на најдобар начин да се подготви за Ролан Гарос, а првиот посериозен тест би го имал дури во четвртфиналето. Во првото коло Ѓоковиќ ќе биде слободен, додека во вторто ќе се сретне со Русинот, Роман Сафјулин против кого немаше проблеми во Монте Карло и го победи со 6:1 и 6:2.

Потенцијален ривал на српскиот тенисер во третото коло ќе биде Алехандро Табило и Јакуб Меншик, додека во осминафиналето ќе се соочи Франциск Серундола или Карен Хачанов.

Со Каспер Руд од кого беше поразен во Монте Карло би можел да се сетне во четвртфиналето, но таму може да игра и против Алксандар Зверев или Григор Димитров.

Рафаел Надал е на другата страна од ждребот, па така освен во финалето не би можел да се сретне со Новак. Сепак во вториот дел од ждребот има фаворити како Стефанос Циципас и Данил Медведев и со оглед на формата тешко е да се очекува Надал да дојде до финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот