Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената, полицијата вчера казни 271 возач, соопшти МВР.

Од нив 19 управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возали со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 78 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место.

Како што најавуваат од МВР, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.


Администратор
11/04/2024 23:03