ВИДЕОАНКЕТА: Како тече гласањето во Центар?
Мирно, демократски, без никакви нерегуларности, без поголем метеж течеше гласањето на гласачкото место во СУГС „Јосип Броз Тито“ во Општина Центар, Скопје, беше оценката на гласачите кои ги затекна „Слободен печат“ во попладневните часови.
– Брзо завршив работа, не чекав воопшто, се се одвива во најдобар ред – забележува еден скопјанец.
Негова сограѓанка повика на гласање, затоа што смета дека тоа не е само право, туку и обврска на секој полнолетен жител.
– Да, јас гласав и за претседател и за пратеници. Немам поголеми очекувања – вели таа.
ВИДЕОАНКЕТА: За што гласаат повеќе граѓаните – за претседател или за пратеници?
Сите анкетирани ни одговорија дека одбрале да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори.
– Не знам зошто воопшто прашуваат дали ќе гласам и за претседател и за пратеници. Па, нормално, тоа ми е и должност, не само право. Според мене, лудост е да бојкотираш – вели еден од анкетираните.
Целата анкета погледнете ја на видеото: