Google ќе ја брише историјата на локацијата за оние кои одат во клиники за абортус

Поради стравувањата дека дигиталните отпечатоци би можеле да ја информираат американската полиција за нелегални абортуси, Google на Alphabet Inc ќе ги избрише податоците за локацијата на посетителите на клиниките за абортус, соопшти гигантот.

Државните закони за ограничување на абортуси стапија на сила откако американскиот Врховен суд минатиот месец пресуди дека абортусите повеќе не се гарантирани со уставот. Технолошката индустрија е загрижена дека полицијата би можела да добие налози за пристап до историјата на пребарување на клиентите, геолокацијата и други информации што ги откриваат плановите поврзани со бременоста.

Гугл соопшти дека ќе продолжи да се бори против несоодветните или прекумерните владини барања за пристап до податоци, но не ги спомна конкретно абортусите. Компанијата вели дека историјата на локацијата на корисникот ќе биде стандардно исклучена.

За корисниците на кои им е вклучено следењето на историјата на локација, тие податоци ќе почнат да се бришат во текот на следните неколку недели при посети на чувствителни локации, како што се центри за плодност, клиники за абортус и установи за лекување зависности.

Портпаролот на Google не одговори како компанијата ќе следи дали таквите страници навистина се посетени и колку податоци ќе избрише од своите сервери. Компанијата ја ажурира својата политика за сега да ги означува американските огласувачи како даватели на абортус, дури и ако немаат свои капацитети и издаваат апчиња за абортус по пошта по виртуелна консултација.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

притисни ентер