Црвениот бран го зафати и Волково – Левица со нова канцеларија и народен собир

Ни претставува огромна чест и задоволство да ви го најавиме отворањето на канцеларијата на Левица во Волково, Ѓорче Петров, јавија од партијата.

По овој повод, на 07 април 2024 (недела) со почеток од 17:00 часот, организиран е народен собир на кој жителите од Ѓорче Петров ќе имаат прилика од близу да го запознаат нашиот претседателски кандидат, Проф. д-р Билјана Ванковска; носителот на ИЕ 2, Амар Мециновиќ и пратеникот и носител на ИЕ 3, Борислав Крмов.

Поканети и добредојдени се сите членови, симпатизери, граѓани од општината.

Канцеларијата се наоѓа во близина на “Григос 9“ во Волково.