Орбан: Се ближи крајот на неславната ера на западната хегемонија

epa10903169 A handout photo made available by the Spanish Presidency of the Council of Europe Pool (PEUE Pool) shows Hungary's Prime Minister Viktor Orban arriving to attend the informal meeting of heads of state and government of the EU-27 in Granada, Spain, 06 October 2023. EPA-EFE/VILLAR LOPEZ / PEUE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES/ IMAGE TO BE USED ONLY IN RELATION TO THE STATED EVENT (MANDATORY CREDIT) HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан порача дека се ближело крај на „западната либерална хегемонија.

„Оваа година, ако даде Господ, можеме да ставиме крај на неславната ера на западната хегемонија. Можеме да го заокружиме светскиот поредок изграден врз прогресивна либерална хегемонија. Прогресивниот либерален светски дух е соборен. Тој донесе војна, хаос, немири и уништи економии во светот“, рече Орбан на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Будимпешта, пренесуваат регионалните медиуми.

Орбан оцени дека прогресивните либерали се чувствуваат загрозени, но во исто време и понатаму се на власт и дека се „опасни противници, решени да направат сè, не бегаат од ништо и немаат морални грижи“.

Унгарскиот премиер посочи дека на изборите за Европскиот парламент постои шанса суверено ориентираните политичари да бидат заменети со „оние лидери кои всушност не се лидери“, туку се ангажирани во изградбата на „хегемонско-идеолошка контрола на што секој мора да го почитува, претворајќи ги државните органи во инструменти за угнетување на народот во Европа“, пренесуваат медиумите од регионот.

Како примери на притисок од „либералниот мејнстрим“, Орбан ги наведе обидите за откажување на конзервативната конференција во Брисел минатата недела, судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, прогонот на десничарските политички партии од страна на германските разузнавачки служби, обидите да се забрани активностите на новинарот Такер Карлсон во Европа и прогонството на финскиот политичар и свештеник поради цитирање на Евангелието.

„Нека дојде повторно ерата на суверенизмот, да ја направиме Америка повторно голема. Да ја направиме Европа повторно голема“, заклучил Орбан, пренесува РТ Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот