Денеска бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Колку македпнските граѓани ги посетуваат музеите и се интересираат за изложбите.Дел од граѓаните кои што ги актериваме велат дека имаат навика да посетуваат музеи додека пак други смеетаат дека државата треба да поработи да се подигне свеста за значењето на културно историско наследство.

Македонија располага со 1199 заштитени локалитети и споменици на културата кои што се под заштита на УНЕСКО. Телевизија 24 го посети Археолошкиот музеј , еден од најзначајните и најстарите музејски установи во Македонија. Од Музејот велат дека денес со оглед на беспланите влезници има зголемена посетеност.

Годинава светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети се обележува под мотото открите ги и искусете ги различностите.Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.