Црвена младина го реставрираше спомен обележјето на Невена Георгиевска – Дуња

Активисти на Црвена Младина од Скопје денес успешно го обновија спомен обележјето на Невена Георгиевска – Дуња кој што се наоѓа во Жена парк.

– Кога институците се однесуваат игнорантно кон оние кои некогаш го дале животот во борбата со бугарскиот фашистичкиот окупатор, тогаш наша должност е на овој или на оној начин да го зачуваме нивниот помен кој треба да ни биде водилник и пример, како младите во тоа време биле храбри и биле предводници на НОБ.