Екслузивно интервју за Македонски весник “Илинден“: Стефан Смиљаноски, извршен директор на Бреинстер – Албанија

Македонски весник “Илинден“: Нашите читатели се заинтересирани за историјата на Македонската компанија Бреинстер.

Смиљаноски: Бреинстер е организација за IT едукација која своите почетоци ги има во 2015 година како стартап. За само 5 години, според сите важни параметри, прераснавме во лидер во неформалното образование во Македонија. Нудиме 10 програми (академии) за здобивање на знаења и вештини во најбараните IT и дигитални професии на глобално ниво. Минатата година со работа започна и нашиот акредитиран факултет – Бреинстер Некст колеџот. За само 8 години, низ нашите програми се поминати на 11.500 студенти.

Македонски весник “Илинден“: Како што знаeме успешната приказна од Македонија се проширува и во Албанија, како се плановите на компанијата и како го гледте Албанија во вашиот бизнес?

Смиљаноски: Ние Албанија ja гледаме како потенцијален втор дом на нашата организација т.е. целта ни е за извесно време и на тој пазар да го постигнеме обемот кој што го имаме во Македонија. Се одлучивме се прошириме таму бидејќи увидовме дека во Албанија младите се соочуваат со истите предизвици и прилики како и во Македонија. Од друга страна пак, албанскиот IT сектор има изразена потреба од вешти и мотивирани кадри. Токму ова се причините поради кои што во мај 2023 го лансиравме Бреинстер Албанија

Македонски весник “Илинден“: Дали може подетално да објасните што точно нудите во Албанија?

Смиљаноски: За почеток, ние во Албанија ќе нудиме 1 програма (академија), а тоа е Академија за Front-End програмирање. Истата нуди изучување на најважните знаења, алатки и методи за започнување на кариера во професијата Front-End програмер. Програмата трае 12 месеци, предавањата се online и може да се следат од било која локација. Дополнително, предавањата ги оддржуваат инструктори кои се експерти во областа и имаат работно искуство во самата IT индустрија. По завршувањето на Академијата, за најдобрите студенти, ние помагаме при наоѓање пракса и/или вработување кај нашите компании-партнери за вработување.

Македонски весник “Илинден“: Вие објавевте дека ке делите стипендии како може да се аплицира за вашите стипенди и дали може и Македонците во Албанија да аплицират?

Смиљаноски: Свесни сме дека Албанија постојат многу млади со капацитет и мотивација да го направат првиот чекор кон нова и подобра кариера, но се спречени од финансиските можности. Поради ова решивме да понудиме запишување на нашата Академија за Front-End програмирање во Албанија со 100% стипендија за сите кои се официјално регистрирани како невработени и 50% стипендија за сите останати кои што сакаат да направат кариерна промена. Сите Македонци кои се државјани на Република Албанија и кои што спаѓаат во овие категории може да аплицираат за нашите стипендии. Оваа нашата кампања ќе трае до 16ти Ноември 2023, a првите групи на нашата Академија за Front-End програмирање во Албанија почнуваат во декември 2023.

Македонски весник “Илинден“: Во име на македонскиот весник “Илинден“ ви благодарам за разговорот, за соработката и ви посакувам личен и професионален успех.

Смиљаноски: Ви благодарам на можноста за подобро претставување на нашата организација.

 

Македонски весник “Илинден“

Главен и одговорен уредник: Никола Ѓурѓај

 

Advertisement