Официјално: Партизан со нов договор за Жељко Обрадовиќ

фото: Emilija Jovanović

Како што и се најавуваше, најтрофејниот европски кошаркарски тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ (64) потпиша нов договор на две години со Партизан. Претседателот на српскиот кошаркарски клуб, Остоја Мијаиловиќ изјави дека се одлучија за ваков договор бидејќи за две години истекува неговиот мандат како прв човек на Партизан:

– Му честитам на Жељко и на сите фанови на Партизан, ни претстои добар период. Сите работевме многу заедно на развој и раст. Ние сме најгледаниот тим во Европа, успеавме сите заедно во овој проект, од управата, навивачите, играчите, луѓето вработени во клубот. Ова е колективен успех. Навивачите речиси секогаш го гледаат успехот само преку трофеите. Минатата сезона ја освоивме Јадранската лига по една деценија чекање, што е голем успех.

Сите знаеме што значи Партизан за Жељко и што Жељко за Партизан. Се одлучивме за две години, бидејќи толку ми трае мандатот. Што се однесува до сите нас кои сме во клубот, останете долго време. Може да остане колку сака, а верувам дека ќе биде уште долго. Ова е голема работа за нашиот понатамошен раст и развој, да бидеме постојан член на Евролигата – изјави Мијаиловиќ.

После Мијаиловиќ зборуваше и стратегот на белградските „црно-бели“ Обрадовиќ:

– Сакам да му се заблагодарам на претседателот на клубот за убавите зборови. Благодарност до сите луѓе од управата што се согласија за продолжување на соработката, ова отсекогаш била заедничка желба. Сите знаат дека ова е мојот клуб во кој уживам да работам. Им должам благодарност на сите мои колеги, играчи, на сите од работната заедница на Партизан, но посебна благодарност до луѓето од управата кои вложуваат максимални напори Партизан да биде голем и успешен.

Тие се движечката сила, имате податоци за посетеноста на Партизан во овие две сезони во Евролигата. Откако се вратив, целта ми беше Партизан да биде редовен член на Евролигата. Ова што се случува на нашите натпревари ги надмина границите на спортот и на Партизан. Стана нешто големо, огромно. Им благодарам на навивачите за поддршката и љубовта што ни ја даваат, нека продолжат така – рече Обрадовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот