ВИДЕО: Тројца полицајци загинаа, а петмина се повредени во престрелка во Северна Каролина

Тројца полицајци загинаа, а петмина се повредени во престрелка во Шарлот/Фото: Скриншот

Тројца полицајци загинаа, а пет други се повредени за време на престрелката што избувна во понеделникот кога отидоа да уапсат осомничен во Северна Каролина, во јужниот дел на САД , објавија локалните власти.

Најмалку еден осомничен бил пронајден мртов во дворот откако полицајците возвратиле со оган, соопшти полициската управа во Шарлот-Меклебург по речиси тричасовниот судир.

-Американскиот претседател Џо Бајден изрази „сочувство“ и „поддршка“ до семејствата на загинатите и повредените и нивните семејства, соопшти Белата куќа.

Смртта на тројцата припадници на безбедносните сили ја потврдија од Министерството за правда.

-Меѓу повредените, еден полицаец е во „критична состојба“, соопшти полицијата.

Полицајците се нападнати кога отидоа да извршат налог за апсење на човек со претходна осуда кој се бараше за нелегално поседување оружје, изјави на новинарите началникот на полицијата во Шарлот-Меклебург, Џони Џенингс.

Полицијата возврати со оган и фатално рани еден осомничен пред да бидат испукани повеќе истрели од внатрешноста на домот, додаде началникот на полицијата Џенингс.

Еден 17-годишник и една жена беа уапсени, рече тој, нарекувајќи го „апсолутно трагичен ден“ за „градот Шарлот“ и професионалците за спроведување на законот.

Јавниот обвинител Мерик Гарланд рече дека е „шокиран“ во соопштението за печатот објавено од неговата канцеларија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот