ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин
Објавено во: Свет 28 Март, 2024
Поднесена е жалба за апсењето на еден од осомничените за нападот на „Крокус“ во Москва во петокот каде загинаа 143 луѓе, а над 300 се повредени.
Басманскиот суд во Москва ја прими жалбата на одбраната за апсењето на Аминчон Исломов. Судот доби жалба на одлуката на Исломов од 25 март 2024 година, објави Интерфакс.
На 25 месецов, Басманскиот суд во Москва, на барање на истрагата, ги уапси Аминчон и Диловар Исломов, како и Исроил Исломов. Обвинетите се меѓусебно поврзани, Аминчон и Диловар Исломов се браќа, имаат исто средно име – Исроилович, односно Исроил Исломов им е татко.
Сите тројца се обвинети дека како дел од организирана група извршиле терористички напад кој резултирал со смрт.
Според истрагата, обвинетиот Шамсидин Фаридуни го регрутирал Аминчон Исломов во организирана група вклучена во терористички напад најдоцна до јануари 2024 година, а Диловар Исломов најдоцна до 11 март 2024 година.
Диловар Исломов е поранешен сопственик на автомобилот што го користеле терористите. Аминчон Исломов пред судот изјави дека е невин.
Извршителите се Таџикистанци, а помагачите потекнуваат од Киргистан, но со години живеат во Русија.
Киргистан ги повика своите жители да не патуваат во Русија ако не е итно.
Русија тврди дека Украина, САД и Британија стојат зад нападот. Уште има стотина исчезнати по нападот. Во Русија расте напнатоста меѓу руското население и имигрантите од соседните држави.Руската полиција уапси жител на Санкт Петербург кој го правдал терористичкиот напад.