logo
logo
logo

Две војни кои покажаа КАКОВ „АВТОРИТЕТ“ ИМААТ ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Vecer | 26.02.2024

Две војни кои покажаа КАКОВ „АВТОРИТЕТ“ ИМААТ ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН не успеал соодветно да одговори на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и војната во Украина, оценувајќи дека овие два конфликти „можеби фатално“ го поткопале авторитетот на Советот за безбедност.

„Недостигот на единство во Советот во врска со рускиот напад врз Украина и израелските воени операции во Газа по ужасните терористички напади на Хамас на 7 октомври сериозно, можеби фатално, го поткопа нашиот авторитет“, рече Гутереш за време на неговото обраќање пред Советот во Женева.

Тој додаде дека Советот за безбедност на Обединетите нации често се наоѓа во ќорсокак и не е способен адекватно да дејствува по најважните прашања за мирот и безбедноста, објави Ројтерс.

„Потребна е сериозна реформа на неговиот состав и методи на работа“, рече Гутереш. Минатата недела, САД по трет пат ставија вето на нацрт-резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа.

Се проценува дека околу 1,5 милиони жители на Газа се во засолништа во градот Рафа на границата со Египет, од кои повеќето побегнале од северот на енклавата за да ги избегнат нападите на израелската армија.

Гутереш го опиша Рафа како главна точка каде што се обезбедува помош за цивилите во Појасот Газа, додавајќи дека евентуален напад на израелската армија врз тој град ќе има катастрофални последици.

„Сеопфатна израелска офанзива на градот не само што би била катастрофална за повеќе од милион палестински цивили кои се засолниле таму, туку и последна шајка во ковчегот за нашите програми за помош“, тврди Гутереш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk