ВИДЕО | Aрсенал водеше со 3:0 во лондонското дерби, но на крајот стравуваше за победата

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Арсенал остана во трката за титулата во Премиер лигата откако денес го победија Тотенхем со 2:3 во еден тежок натпревар.

Избраниците на Артета одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од 0:3, но Тотенхем во вториот дел успеа резултатски да се врати во игра.

Натпреварот беше отворен со автогол на Хојбер по еден корнер на Сака кој подоцна и самиот се запиша во листата на стрелци. За издвојување се двете добри прилики кои ги имаше Тотенхем пред вториот гол на Арсенал, ВАР поништи погодок на Ван де Вен. Третиот гол за Арсенал беше дело на Каи Хаверц.

Во второто полувреме изгледаше дека Арсенал ја има контролата над натпреварот се до грешката на голманот Раја. Сон од пенал со вториот гол ја врати неизвесноста, меѓутоа „петлите“ немаа сили за целосно враќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот