Поранешниот премиер Димитар Ковачевски од партиската прес-конференција ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ, на претседателот на партијата Христијан Мицкоски како и на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Тој повика на спроведување на партиски избори на сите нивоа, без притоа конкретно да каже дека поднесува оставка. Додаде дека на изборниот конгрес ќе се организираат сите детали за спроведување на партиските избори.


Администратор
08/05/2024 22:19