Комбинаторики за втор круг - бираат ли Албанците меѓу Сиљановска и Пендаровски или бојкотираат?

Партиски математики и калкулации. Со какви комбинаторики но и исход ќе заврши вториот круг од изборите на 8 мај.

Партиите во офанзива но и меѓусебни пораки за тоа за кого дошло времето но и чукнал часот да замине откако Коалицијата предводена од ДУИ денеска пред општина Чаир со куфер пред вратата на општината му испратија порака на градоначалникот Ганиу но и на Меџити дека било време да си заминат.

Сепак на прашање дали во вториот круг од претседателските избори ќе ги насочат своите гласачи да го дадат својот глас за некој од двата кандидати Пендаровски и Силјановска посочија дека се уште не дискутирале за тоа, но Скендер Реџепи изнесе свој личен став во кој вели дека и не треба да бидат изненадени двајцата македонски кандидати ако не добијат албански гласови.

Од Вреди пак денеска само кусо велат дека тоа се ниски удари но и провокации кои не допираат до нив иако Чаирскиот Градоначалник Висар Ганиу се огласи на својот ф.б Профил наведувајќи:

- Артан, терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај! 

Иако и вчера лидерите на коалицијата посочија дека биле задоволни од изборниот резултат. Сепак и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски посочи дека ова е само почеток на како што рече победите на партијата но и коалицијата која ја предводи и  размислуваат понатаму да ја прошират токму со албанскиот опозициски блок.

Пендаровски пак во својата изјава посочи дека не очекува техничко и автоматско префрлање на гласови од другите канидати кое би се базирало на некакви политички договори. Она што е јасно е дека Пендаровски и Силјановска ќе го трчаат вториот круг од претседателските избори заедно со парламентарните а се уште нејасно е дали и со какви политички комбинаторики ќе завршат изборите на 8 ми мај при формирањето на идниот владин состав.