Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди

Долгата изборна кампања за двојните избори полека влегува во финале, а претседателските кандидати и лидерите на партиите повикуваат на масовност на гласањето на 8 мај.

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ Стево Пендаровски се сретна со граѓаните на општина Маврово-Ростуше, каде порача дека вечерта на осми мај граѓаните ќе одлучат во кој правец ќе се движи државата. Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше митинг во Битола, а претходно во Демир Хисар и Могила. 

И партиите продолжуваат со активности, средби со граѓани убедени во победа на 8 мај. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Јегуновце. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во рамки на активностите за парламентарните избори ќе се сретне со граѓаните на општина Теарце. Лидерите на коалицијата ВРЕДИ организираат настан на кој ќе присуствуваат претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами во центарот на Гостивар. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија пак ќе оддржи Прес-конференција пред седиштето на партијата.