Ристов за ТВ 24: ВМРО-ДПМНЕ е категоричен во ставот да не се отвара рудник

Владимир Ристов советник во општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 Отворено рече дека партијата е на ставот рудникот да не се отвара и тој став се гради со новото раководство од Мискоски од 2017 година.

- Ситуацијата со рудникот е од 2004 година кога се потпишуваат договори за истражување од страна на владата на СДСМ, потоа во 2006 година, но со менувањето на раководството на ВМРО во 2017, ставот за рудникот е истиот. Во кампањата 2020 кога бев и јас кандидат на листата за кандидати за пратеници, Мицкоски во Иловица порача дека граѓаните на Иловица ќе одлучат дали ќе има рудник или не. Голем дел од пратениците се против рудникот. За разлика од нашите политички опоненти, нашиот став е искрен и го градиме седум години. Иако од опоненетите беше ветувано дека рудник нема да има, видовме дека на седница на влада се споија концесиите, министерката за труд и социјала беше дел од таа владина одлука. - рече Ристов.