Мали девојчиња користат продукти за убавина и против стареење – Нов луд тренд на ТикТок

Дерматолозите се сериозно загрижени за децата кои користат производи за нега на кожата кои реално не им се потребни. Поради новиот бизарен тренд на ТикТок, девојчиња и на 10-годишна возраст бараат од родителите кремови и секакви продукти против стареење.

mali-devojchinja-koristat-produkti-za-ubavina-i-protiv-stareenje-nov-lud-trend-na-tiktok-01.jpg

Ако сте корисник на социјалните мрежи, особено на ТикТок, веројатно веќе имате слушнато за најновиот луд феномен наречен „Sephora Kids“.

Трендот Sephora Kids се однесува на девојчиња (најчесто над 10 години) и тинејџерки кои користат продукти за убавина наменети за возрасни, а притоа објавуваат видеа од нивната рутина за нега на кожата, слично како и инфлуенсерите, кои веројатно тие и ги следат.

mali-devojchinja-koristat-shminki-i-proizvodi-za-nega-nov-lud-trend-na-tiktok-05.jpg

Се смета дека овој тренд барем делумно е под влијание на ќерката на Ким Кардашијан, Норт Вест, откако во 2022 година објави видео од нејзината утринска рутина за убавина, која вклучува маска за лице, маска за усни и тонер. Таа тогаш имаше само девет години.

Ќерката на Кортни Кардашијан, Пенелопи, исто така сподели видео од нејзината рутина за нега на кожата, која стана мета на повеќе критики.

На ТикТок се објавени и видеа кои покажуваат како млади девојчиња чекаат ред за да купат производи за убавина како коректор и кармин, а и такви деца кои бараат производи за нега на кожата против стареење, и тоа од врвни брендови.

mali-devojchinja-koristat-produkti-za-ubavina-i-protiv-stareenje-nov-lud-trend-na-tiktok003.jpg

Од друга страна, дерматолозите се сериозно загрижени за децата кои користат производи за нега на кожата кои реално не им се потребни, затоа што тие имаат нежна и тенка кожа.

Зошто треба да нè загрижи трендот „Sephora Kids“?

Детството е мошне значаен период од животот на една личност. Тоа е време кога децата треба да научат да се справат со своите емоции и да научат животни лекции – правејќи грешки.

Ако на детето никогаш не му се каже „не“, тогаш во идни ситуации, кога нема да го добие она што го сака, нема да може да се справи со своите емоции.

Родителите треба да се обидат да ги разберат децата и нивните чувства, но децата мора да знаат и кога грешат, а родителот во тие моменти да има авторитет.

Многу често родителите, сакајќи да имаат разбирање кон децата, ги поместуваат границите, кои на долг рок не носат ништо добро.

mali-devojchinja-koristat-shminki-i-proizvodi-za-nega-nov-lud-trend-na-tiktok-04.jpg

Кога треба да ѝ дозволите на вашата ќерка да користи шминки?

Иако одговорот на ова прашање ќе зависи од повеќе фактори, сепак, се смета дека девојчињата може да започнат со користење шминка помеѓу 14 и 16 години.

Секако, разговорите за нејзиното користење може да започнат уште многу порано, а најверојатно децата ќе истражуваат и низ игра ќе користат шминки уште на многу помала возраст.

Разговарајте со вашите деца и прашајте ги зошто сакаат да користат шминка. Тие најчесто го копираат однесувањето на родителите или постарите девојчиња во блиската фамилија, па затоа треба да бидете свесни за тоа на кој начин вие ѝ пристапувате на шминката.

Избегнувајте самокритични коментари, како на пример: „Имам темни кругови околу очите, морам да се нашминкам“.

Наместо да си ги прикриваат недостатоците, децата треба да научат да се прифатат себеси како совршено несовршени битија, а најдобар пример ќе им бидат родителите.

mali-devojchinja-koristat-shminki-i-proizvodi-za-nega-nov-lud-trend-na-tiktok-06.jpg

На што да обрнете внимание кога вашето девојче ќе одлучи да се шминка?

Кога вашето девојче ќе изрази желба за шминкање, добро е прво да разговарате и да го прашате зошто го посакува тоа, а секако и да бидете покрај неа кога ќе се одлучи да експериментира.

Без оглед на тоа кога ќе им дозволите на децата да користат производи за убавина и козметика, постојат одредени совети кои важат за сите, особено за помладите:

1. Купувајте безбедна козметика. Многу козметички производи, вклучително и оние кои се означени како „природни“ или „органски“, може да не се тестирани на детската кожа. Купувајте продукти кои се наменети само за деца или за соодветната возраст на вашето дете.

2. Започнете со малку. За почеток, започнете со сјај за усни. Потоа постепено одете чекор по чекор, и внимавајте со користењето впечатлив кармин или моливче за очи.

3. Внимавајте на иритација на кожата. Реакцијата која може да се јави по користењето одредена козметика може да биде блага, како црвенило на кожата или потешка, како отоци. Повеќето симптоми се појавуваат брзо, па уште веднаш отстранете го од користење тој производ.

4. Отстранете ја шминката целосно пред да отидете во кревет. Настојувајте вашето девојче секогаш да си легнува со чисто лице.

5. Избегнувајте споделување. Научете ги децата дека не е добро да се споделуваат лични работи затоа што може да се доведе до инфекција и иритација на кожата.

За крај, најважно е да ги научите децата дека шминката има за цел да го подобри изгледот, но не и да го промени целосно. Важно е да се научат да се прифатат себеси и да се сакаат онакви какви што се.

М. Ѓ | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Сакам да си најдам маж кој ќе ме финансира, а јас само да си седам дома и да ги чувам децата“ „Се знае - мажот се грижи за жената, а таа се грижи за децата. Мажот со кој ќе б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg