Што е Сјогренов синдром од кој боледуваше Слаѓана Милошевиќ? Оваа автоимуна болест е многу почеста кај жените отколку кај мажите – симптомите се појавуваат на очите и устата

Точка

26/03/2024

18:00

5.861

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина денес на 69-годишна возраст, за „Fonet“ изјавила нејзината пријателка Билјана Петровиќ. Уметницата починала во Земунската болница по кратко боледување.

Познато е дека боледувала од Сјогренов синдром. За каква болест станува збор?

Сјогреновиот синдром е хронично, воспалително, автоимуно ревматидно заболување кое се манифестира со суви очи (т.е. ксерофталмија) и сува уста (ксеростомија). Тоа е предизвикано од намалување на функциите на егзокрините жлезди. Болеста се јавува како примарно заболување и поврзана со други системски болести на сврзното ткиво, најчесто со системски лупус или ревматоиден артритис.


Статистиката покажува дека оваа болест најчесто се јавува на возраст од 30 до 50 години, а жените заболуваат 9 пати почесто од мажите. Голема улога игра генетската предиспозиција, која заедно со дејството на нормалните имунолошки механизми предизвикува воспалителен процес и оштетување на ткивото. Важен фактор може да бидат и вирусните инфекции.

Симптомите кои ја придружуваат облеста се: чувство на гребење, чешање, суви очи, сува уста, што обично е прв симптом, а често доаѓа до зголемување на паротидните плунковни жлезди, кои се безболни, меки, на почетокот, а подоцна стануваат чувствителни на допир.

Симптомите вклучуваат малаксаност, треска, артритис, васкуларни промени на кожата. Васкулитис се јавува и на внатрешните органи, белите дробови, централниот нервен систем, крвните садови, уринарниот тракт и дигестивниот систем. Тука се и периферните невропатии.


Болеста може да трае неколку децении. Благата форма е придружена само со промени во очите и устата, додека во тешките форми симптомите се јавуваат на други, внатрешни органи. Во мал број случаи, може да се појават тешки системски манифестации или одредена форма на малигно заболување. Дијагнозата се поставува со анализа на функциите на жлездите, со биопсија и со пронаоѓање на антитела во крвта.

Слаѓана Милошевиќ за своето здравје и болеста

Пејачката била хоспитализирана минатата година, а за тоа во октомври 2023 година го кажала следново:

„Болеста се нарекува Сјогренов синдром. Нејзината симптоматологија и метод на лекување сè уште се непознати за многу лекари. Често ја сведуваат како поедноставно имунолошко нарушување, а всушност е смртоносна. За жал, болеста е многу тешка, со бројни имунолошки промени. Ги напаѓа сите телесни системи. Единствено кинеската традиционална медицина може да помогне, бидејќи од раните денови го третира човекот како единствена целина. Во западната медицина таков пристап има само психосоматиката. Човекот е единство на телото и психата и само така може да се третира.

Не можев да се извлечам од замката на болеста. Не ми одговараше тоа што по две години немаше никаков напредок во лекувањето и што одново и одново се враќав во болница. Исто така, не бев задоволна од однесувањето на поголемиот дел од персоналот, нивната незаинтересираност, површноста и постојаните конфликти, каде моето мислење не се почитуваше иако и самата сум психотерапевт и поранешен студент по ветеринарна медицина.


Немаше ниту добра волја, не ги знам ниту имињата на докторите, освен двајца – бидејќи не се претставија. Моето доаѓање во болницата беше проследено со навреди“, зборувала Слаѓана Милошевиќ, која по сопствена одлука ја напуштила болницата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг