Македонија

„Витаминка“ оствари добивка од 87,6 милиони денари во 2023 година

19 мар 2024

„Витаминка” АД Прилеп од своето работење во текот на минатата година оствари сеопфатна добивка од 87,6 милиони денари.

Вкупните приходи на компанијата за 2023 година изнесуваат 3.485.210 илјади денари и во споредба со остварените во 2022 година бележат пад од 9%.

Најголемо учество во вкупните приходи со 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година за извештајниот период бележат пад од 10%. Падот на вкупните приходи е во корелација со оперативното работење за извештајниот период и најголемо влијание има падот на цената на маслото за јадење.

Остварените единечни вкупни расходи за 2023 година изнесуваат 3.429.814 илјади денари и во споредба со остварените во 2022 година бележат пад од 16%.

Целосниот финансиски извештај на компанијата може да се погледне на веб страницата на Македонската берза.

Извор: Македонска берза

Фото: Македонска берза



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...