Мециновиќ: Левица очекува позитивен резултат

Многу неправилности и недоследности во текот на целиот ден, лица што требаше да гласаат вчера не можеа да гласаат, денеска имаше примери на „бугарски возови“, имаше ситуации на изборен материјал кај избирачките места, прекини на гласањето, но имаше и притисоци врз наши поддржувачи и активисти и членови од структури на власта, но и од структури на најголемата опозициска партија, рече Мециновиќ.

Тој истакна дека имало и закани со отпуштања од работни места по изборите. Мециновиќ истакна дека лажни вести се дека Левица повикува на бојкот и „дека лидерите на нашата партија не гласале, што најде место и во некои медиуми“.

„Левица повикуваше на гласање и ѝ беше најголемиот непријател на оваа власт“, истакна тој.

„Очекуваме позитивен резултат и го поздравуваме заминувањето на оваа власт во опозиција“, рече портпаролот на Левица и кандидат за пратеник.