logo
logo
logo

Бетис не се шегува: „Зелено-белите“ се враќаат со бод од Барселона

Vecer | 05.04.2025

Бетис не се шегува: „Зелено-белите“ се враќаат со бод од Барселона

Фудбалерите на Барселона и Бетис одиграа нершеено 1:1 во дербито од 30. коло на шпанската Примера. Барселона не го искористи големиот „кикс“ на Реал по поразот од Валенсија за да ја зголеми предноста на врвот на шест бода, па по ова реми сега има 4 бода пред актуелниот шампион.

Барса поведе по само седум минути. Ламин Јамал ​​направи „хаос“ во одбраната на гостите, го пронајде Торес кој асистираше за Гави за гол и водство од 1:0. Гостите не чекаа да одговорат со иста мера. „Зелено-белите“, кои беа во серија од шест последователни победи, израмнија во 19. минута кога Џовани Ло Селсо упати одличен центаршут од корнер, а дефанзивецот на Бетис, Натан го натскока капитенот на Барса Араухо и со глава погоди за 1:1.

Од тој момент Барса напаѓаше, а Бетис успешно се бранеше и до крајот не дозволи да прими гол.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk