4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот

Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнерот да ја собере? Тогаш сами си го расипувате односот со него, а можеби дури и бракот.

4-mali-loshi-naviki-shto-sozdavaat-golemi-problemi-vo-brakot-01.jpg

Неретко, најсериозните проблеми во бракот не се јавуваат одеднаш, туку се развиваат постепено.

И, доста често овие проблеми се предизвикани од несвесни постапки на кои не им придаваме значење, но имаат влијание и врз партнерот.

Кога, пак, едниот партнер молчи за овие работи што некогаш му пречат, бидејќи ги смета за ситници, тие се акумулираат, сè додека тој не експлодира.

Кои се четирите мали лоши навики кои можат да го уништат бракот?

Прекинување на партнерот кога зборува

Помислете како се чувствувате вие кога некој ве прекинува додека зборувате. Веројатно сте гневни или фрустрирани.

На сите ни се случува понекогаш да прекинеме некого, но ако постојано му го правите ова на партнерот, вие воопшто не му давате простор да каже нешто, како да не сте заинтересирани за него.

На почетокот тој можеби нема ни да го забележи ова, но со текот на времето ќе почне да се чувствува како да не го цените и како да не ви е важно неговото мислење.

Ако забележите дека го прекинувате партнерот или ако тој ви го посочи тоа, поработете на оваа навика.

Кога сакате да кажете нешто, воздржете се додека партнерот да доврши, па потоа зборувајте.

4-mali-loshi-naviki-shto-sozdavaat-golemi-problemi-vo-brakot-02.jpg

Превртување со очите

Можеби звучи смешно, но и мал гест како превртувањето со очите со текот на времето може да се претвори во сериозен проблем.

Со овој гест вие покажувате непочитување, а кога го правите постојано, постепено ја поткопувате довербата што партнерот ја има во вас.

Ако не ви се допаѓа она што го кажува партнерот, има други начини да му кажете. На пример, речете дека не се согласувате. Но, никако немојте да превртувате со очите.

Ако, пак, воочите дека го правите ова, извинете му се на партнерот.

Не помагате во домашните обврски

И двајцата партнери треба да бидат еднакво вклучени во домашните обврски. Ако и двајцата работите, треба и двајцата да средувате низ домот.

Во спротивно, со текот на времето ќе се роди фрустрација и гнев кај партнерот кој го носи целиот товар.

Исто така, не чекајте да дојде викенд да средите низ домот – кога се соблекувате, ставете си ја облеката во шкафот или за перење, кога јадете, соберете по вас...

Дури и ако едниот партнер работи, а другиот е дома, вработениот треба барем да си ги собира своите работи, а не да очекува другиот да му биде слуга.

4-mali-loshi-naviki-shto-sozdavaat-golemi-problemi-vo-brakot-03.jpg

Ситничарење и критикување

Никој не е совршен и сите имаме недостатоци.

Кога сте во брак, важно е да бидете свесни за малите недостатоци на партнерот и да ги прифатите.

Ако партнерот има мала навика која не ви се допаѓа, но не штети никому, немојте да го критикувате за тоа.

Генерално, избегнувајте да го критикувате партнерот и да ситничарите за работи кои не се воопшто важни бидејќи со ова само го оддалечувате од вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg