Денеска е светски ден на црниот дроб: Пет знаци на лицето кои укажуваат на замастен црн дроб

Фото: Профимедиа

Замастен црн дроб се појавува поради складирање на дополнителни масти. Добрата вест е што повеќето заболени често немаат никакви симптоми и тоа не им предизвикува сериозни проблеми. Но, во некои случаи, замастен црн дроб на крајот може да доведе до оштетување на црниот дроб или цироза, известуваат од Клиниката Кливленд.

Во овој случај, последиците можат да бидат многу опасни, па дури и фатални, поради што е неопходно навреме да се препознаат првите предупредувачки знаци.

Како што објаснуваат експертите, постојат неколку симптоми кои можат да укажуваат на замастен црн дроб, а некои од нив се појавуваат и на лицето.

Симптомите се:

1. Жолта кожа или очи

2. Црвена кожа или еритем

3. Розацеа

4. Капилари на лицето

5. Бледа кожа што може да биде знак за анемија (слабокрвност)

Иако секој од овие знаци не мора да значи дека личноста има проблем со замастен црн дроб, во повеќето случаи ова се некои од првите симптоми.

Покрај тоа, замастен црн дроб може да се манифестира и на некои други начини, како што се хроничен замор, исцрпеност, нагло губење на тежината и болки во стомакот. Од таа причина, доколку постои сомневање за проблем со црниот дроб проследено со некои од овие симптоми, потребно е во брз рок да се направи контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот