На 8 март: СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ со концерт на бендовите „Артан Лили“ и „Занаду“ во МКЦ

Фото: Промо

Музичката програма на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ продолжува и овој петок на 8 март со уште еден целовечерен настан кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар.

Настанот, кој почнува во 21 часот ќе обедини и претстави две сцени на современа поп и рок музика. Првата белградска, со концерт на култните „Артан Лили“, еден од најмногу споменуваните бендови во регионот кога се зборува за новата домашна и регионална музичка сцена. Втората скопска, со концерт на бендот „Занаду“, (нај)младата и надоаѓачка сила на македонската музичка сцена. Совршен спој на квалитетен звук и изведба која гарантира добра забава за вистинските љубители на музика од различна генерација.

„Артан Лили“, со три албуми зад себе и 10 години активно настапување е еден од најреномираните регионални бендови. Последниот албум носи и соработки со колеги од локалната сцена, меѓу кои Зоран Костиќ-Цане од „Партибрејкерс“ и Никола Врањковиќ. Покрај професионалноста во креирање и изведба на музика, тие посветено се занимаваат и со нејзината визуелна репрезентација преку продукција на видеозаписи.

Во тој контекст на концертот во Скопје, покрај добриот звук нè очекува и вистинско визуелно доживување преку специјално креирани визуелни ефекти на извонредниот Боб, VJ и соработник на бендот. „Артан Лили“ успеваат да го задржат вниманието и интересот на различна генерација на публика, а нивната работа е признаена и наградувана. Со своите песни ги освојуваат сите релевантни радиски и ТВ топ листи во својата земја и регионот. Најинтересен е пласманот на песната „Ako stanemo tu“ која веднаш како новитет застана на првото место на листата „Дискомер“ на „Студио Б“. За повеќе од 40 години колку што постои листата, овој куриозитет го искусиле само музички групи како „Бјиело дугме“ и „Екатерина Велика“. Добитници се на првата по ред награда на друштвото „Милан Младеновиќ“.

Вечерта ќе ја отворат нашите млади таленти, претставници на урбаната и алтернативна музичка сцена, „Занаду“. Бенд коj не верува во жанровски ограничувања, а на музиката гледа како слобода за канализирање на моментална емоција, импулс и енергија. Слободното течење и храброто пливање низ жанрови, ритмови и фреквенции се начини на кои пробуваат да го пронајдат звукот коj најдобро ги дефинира. Формирани во 2021 година, по период на дефинирање на идејата и музичко себеспознание, во 2022 година го објавуваат својот деби сингл „Навика”, за подоцна истата година во етер да го пуштат и нивниот деби албум „Соништа” предводен од истоимената песна и песната „Зборувај, замижи, побегни”.

„Занаду“ се еден од најмладите состави на „Гола Планина Колектив“. Тие пркосат со својата младешка енергија, а нивната соничност и дивергентност е најдобро воочлива на настапите, каде најмногу ги уживаат бисовите и стиховите кои едногласно ги делат со публиката.

Влезниците за настанот може да се обезбедат преку онлајн на https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1297 и на билетарницата на МКЦ по цена до 400 денари.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот