Регион

Србија: „Јутро“ со нова веб страница

25 мар 2024

Во пресрет на отворањето на 31.продавница на „Јутро“ во рамките на трговската франшиза на „Метро“, компанијата го покренала новата веб страница е  посветена на оваа програма, со идеја тоа да биде своевиден „хаб“ во чии рамки заинтересираните трговци ќе можат да ги најдат сите потребни информации.

На новата веб страница се наоѓаат сите детални информации за франшизата, погодностите кои ги нуди „Метро“ на своите партнери, но и многу корисни совети, соопштуваат од компанијата.

Независните трговци, на веб страницата ќе можат да ја видат посебната секција во која има совети кои се однесуваат на прашањата за започнување на сопствениот бизнис. Меѓу другото, на веб страницата можат да се добијат и корисни упатства и адекватен распоред за чекорите кои се потребни за започнување на бизнис.

Покрај тоа, посетителите на веб страницата ќе можат да  контактираат со тимот на франшизата, како и да имаат преглед на фотографии на веќе отворени продавници и искуства на партнерите кои се дел од оваа програма на „Метро“.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Метро“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...