• Саше Љолес

Ракометната федерација на Македонија ја именуваше легендарната Индира Кастратовиќ за Координатор на сите женски репрезентации.
Оваа одлука доаѓа од Управниот одбор, кој заседаваше по итност, а исто така назначи и двајца советници на претседателот на федерацијата, кои ќе извршуваат задачи во машка и женска категорија.
За советник за женските селекции е назначен Гино Стрезовски, а советник во машка конкуренција ќе биде Драган Начевски. Се работи за докажани и искусни имиња во макеонскиот ракомет, од кои се очекува да ја извршуваат својата функција максимално професионално и во интерес на македонскиот ракомет и неговиот развој.