Насловна / Архитектура / Вилата С, M, Л интегрирана во чувствителниот пејзаж на Тиватскиот залив

Вилата С, M, Л интегрирана во чувствителниот пејзаж на Тиватскиот залив

Вилата С, M, Л се наоѓа веднаш до морскиот брег, поточно на јужниот брег на Тиватскиот залив, во Крашиќи со извонреден поглед на заливот.

До објектот, проект на црногорското биро Studio Synthesis, може да се пристапи од копнена и морска страна, т.е. од крајбрежното шеталиште, што значително влијаело на креирањето на концептот со цел квалитетно интегрирање на тематските целини во партерот.

Иницијалниот концепт на „микро“ урбанизам е генериран со организација на отворените површини на локацијата кои имаат различни функции и теми, како и можноста за нивна трансформација и поврзување во однос на специфичните потреби на корисниците.

Основната форма на објектот е генерирана со главната оска во правец североисток/југозапад која ги „собира“ најважните програмски целини и ги поврзува двата главни приоди на локацијата.

Покрај својата „комуникациска“ улога, оската е значајна и по бројни сценографско-пејсажни секвенци кои линеарно се сменуваат и се поврзуваат со содржините во приземјето на вилата, како и со другите амбиенти во партерот (медитеранска градина, базен , атриум, понтон и lungo mare).

Во обликовна смисла, доминираат два меѓусебно оддалечени корпуси високи девет метри, со различен карактер. Првиот е „статичен“, повлечен кон влезната зоната, додека другиот е активиран, „лебдечки“ која е во непосредна близина на морето.

Динамиката на структурата ја „смирува“ нискиот приземен линеарен корпус кој се протега долж главната оска и заедно со неа го претставува сврзното ткиво во формална и функционална смисла.

Концептот на динамична, сегментирана волуметрија со темна материјализација го намалува впечатокот за нејзината големина, па објектот претставува нов обележје и пример за успешна интеграција во чувствителниот пејзаж на Тиватскиот залив.

Испрати коментар

Scroll To Top