[ВИДЕО] Луѓето се воодушевени од овој рецепт: Дали сте пробале ротквички со путер?

Точка

08/04/2024

13:40

8.317

Големина на фонт

а а а

Ротквичките се составен дел од многу салати. Меѓутоа, дали сте знаеле дека можете да ги јадете со путер?

Овој крајно необичен рецепт стана популарен на социјалната мрежа ТикТок, а нѝ доаѓа од Франција. Една корисничка на споменатата социјална мрежа го споделила со своите многубројни следбеници со зборовите:


„Не можам да верувам дека дека ми требаше толку време за да го споделам својот омилен рецепт со ротквички“, вели таа на почетокот на видеото и додава дека за оваа вкусна закуска дознала пред неколку години додека престојувала во Франција.

Како се подготвува?

Ротквичките треба добро да се измијат, а потоа да се исечат на половина. Двете половини премачкајте ги со путер. Девојката во видеото советува дека за овој рецепт треба да користите поквалитетен путер. На крајот, посолете го овој „специјалитет“ и уживајте!



Спонзорирани линкови

Маркетинг