Измамен маж од Кочани, продал телефон, а добил фалсификувани евра

Лице од Кочани добило фалсификувани евра за телефон кој го продал на едно лице. 

- На 25.03.2024 во 17.30 часот во ОВР Кочани, 18-годишник од Кочани пријавил дека на 24.03.2024 во Кочани бил измамен од едно лице за сума од 950 евра. Според пријавеното, тие се договориле лицето од него да купи мобилен телефон, а откако ги зел парите и лицето си заминало се посомневал во исправноста на банкнотите. Полициски службеници ги подигнале банкнотите за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомрираа од МВР во дневниот билтен.