НБА плеј-оф: Њујорк и Индијана во полуфиналето на Истокот

Расел Вестбрук/фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Њујорк никс и Индијана пејсерс се пласираа во полуфиналето на Источната конференција на НБА лигата, откако синоќа во шестиот натпревар од првото коло на конференцискиот плеј-оф славеа против Филаделфија севентисиксерс, односно Милвоки бакс.

Никс ги победија Сиксерси со 115:118 во шестиот меч од плеј-офот синоќа во Филаделфија и обезбедија пласман во конференциското полуфинале со резултат 4:2 во серијата од четири победи.

Беа предводени од Џејлен Брунсон со 41 поен и 12 асистенции, додека кај Сиксерси најдобар беше Џоел Ембид со 39 поени и 13 скокови.

Во полуфиналето Никс ќе играат против Пејсерс, а првиот дуел е закажан за в понеделник во Њујорк.

Индијана го елиминираше Милвоки со победа од 120:98 шестиот натпревар во Индијанаполис и така се пласира во конференциското полуфинале со резултат 4:2 во серијата.

До победата ги предводеше Оби Топин со 21 поен, а Т.Ј. Меконел додаде 20. За Бакс Демијан Лилард постигна 28 поени, Брук Лопез постигна 20, а Боби Портис имаше 20 поени и 15 скокови.

Милвоки ја одигра целата серија без двократниот МВП на НБА, Јанис Антетокунмпо, кој се повреди на 9 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот