logo
logo
logo

Во Германија маж НАПАДНАЛ ДЕЦА додека оделе кон училиште: Убиено 14-годишно девојче, едно дете рането

Vecer | 05.12.2022

Во Германија маж НАПАДНАЛ ДЕЦА додека оделе кон училиште: Убиено 14-годишно девојче, едно дете рането

Германската полиција денеска соопшти дека маж убил 14-годишно девојче, а тешко ранил друго, 13-годишно, додека оделе пешки кон училиште.

Полицијата во југозападниот град Улм соопшти дека девојчињата биле итно пренесени во болница по нападот кој се случил околу 7:30 часот во блискиот град Илеркирхберг.

Нема информации за оружјето со кое мажот ги нападнал.

Осомничениот побегнал во блиската куќа каде полицијата уапсила три лица, претпоставувајќи дека едното е напаѓачот.

Германската новинска агенција ДПА јави дека полицијата сè уште се обидува да го утврди мотивот за нападот. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk