• Мартин Танасковски

Сите денешни натпревари во Суперлигата и Првата лига на Србија ќе започнат со едноминутно молчење за настраданите во пожарот во Македонија, објавено е на официјалната интернет-страница на Сојузот на фудбалски клубови од Суперлигата и Првата лига на Србија.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој избувна утринава во 3 часот за време на концерт, загинаа најмалку 51 лице, според последните информации што ги објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Министерството за здравство на Македонија соопшти дека 152 лица се повредени во пожарот во дискотеката и во моментов се хоспитализирани ширум болниците во нашата земја.
Српската влада соопшти и дека вторник, 18 март, се прогласува за ден на жалост поради трагичниот пожар.