Уште ова не е видено во тенисот, запали цигара за време на паузата - и победи!

Аргентинскиот тенисер Франциско Комесања се реши за необичен начин на опуштање за време на паузата помеѓу сетови.

Актуелниот светски рекет број 67 во првото коло од квалификациите за Мастерсот во Мајами, на рутински начин го доби првиот сет против Американецот Мајкл Мо со 6-3.

Специјалистот на земјени терени за време на паузата запали пура и за неколку моменти ја избегна стресната ситуација што ја носи борбата за главната ждрепка на турнирот од АТП 1.000 серијата.

Цигарата дефинитивно помогна, откако  Комесања без поголеми проблеми славеше и во вториот сет и го продолжи својот пат во Мајами.