19 Мај, 2024
0.0277

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

Објавено во: Македонија 26 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Карпош и кандидат за претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски јавно му се обрати на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, откако тој го коментирал нискиот изборен резултат на Јакимовски.
Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст.

Иако и јас можам да бидам по вицкаст, јас ќе бидам само реален и ќе изнесам факт.

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски наследи општина со 200 милиони денари на жиро сметка, клубот МЗТ со 6 милиони денари и 18 милиони денари потпишани договори кои треба да легнат на сметката на клубот во наредниот период.

Денес општина Аеродром не може да си ги плати обврските према добавувачите и изведувачите, има проблеми со исплта на плати. На МЗТ му ветуваше брда и долини, а сега доцни со плати.

Веројатно колегата мисли дека високиот резултат на нивниот претседателски кандидат е како плод на неговото домкинско и успешно работење и дека овие 12.000 гласа разлика во однос на другиот кандидат се резултат на неговото управување, но реалноста е дека следниот градоначалник по него нема да може да ја оправи некогаш најсолвентната општина. Заради колосалните успеси во локалната самоуправа сега се гребе за функција во влада.

Веројатно тактиката му е добра зошто градоначалничката фотеља е жешка, бара да бидеш добар менаџер, да имаш трпение во работата со граѓаните и да наоѓаш решение за нивните проблеми.

Ова е претешка работа за него, а големите партии се познати што и на помалку успешните им наоѓаат ангажман.

Паролата "И неспособните со нас успеваат" им е својствена само нив.

За разлика од него, јас наследив 330 милиони денари блокирана сметка, а денес на истата има 60 милиони денари и нема долг ниту еден денар. Тој работи со мнозинство со советот, а јас без мнозинство и со опструкции.

Од синоќешните резултати јас бев шокиран од нискиот број на гласови, а неговата партија пак од преголемиот број на гласови. Но, прв излегов го признав поразот и честитав на водството на нивниот кандидат.

Како што доликува на еден претседателски кандидат.

За разлика од мене тие пред очите на цела македонска јавност излегоа во алкохолизирана состојба, ги валкаа зборовите и едвај го прочитаа тоа што го напишале. Јас знам да се носам и со победите и со поразите. Нив, власта секогаш ги опијанува, а мене никогаш.„, напиша тој на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична