Османи во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.

За време на посетата, Османи ќе оствари средба со Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата.

Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, со посебен фокус на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.