ВИДЕО | Пицула за „Слободен печат“: Путин стана најголем промотор на проширувањето на ЕУ
Завршува петгодишнот мандат на актуелниот Европски парламент кој го одбележаа пандамијата и руската агресија на Украина. Во овој мандат паднаа многу табуа. Европската Унија сфати дека е заедница на заеднички вредности, но и заеднички ризици, вели во интервју за „Слободен печат“ европратеникот Тонино Пицула.
Во својот петгодишен мандат како европратеник тој големо внимение посвети на процесот на проширувањето на ЕУ.
– Проширувањето беше долго време ставено на автоматски пилот, но руската агресија ја разбуди Европа и го стави процесот на проширувањето повторно во фокусот на ЕУ. Путин стана најголем промотор на ЕУ, вели Пицула.
Според него, во новиот состав на Европскиот парламент реално е да се очекува зголемување на бројот на пратенички мандати од редовите на екстремната десница. Сепак, Пицула очекува дека мнозинството во новиот состав на европарламентот ќе го задржат полтичките проевропски сили.
– Верувам дека до 2030 земјите кандидати ќе ги завршат преговарачките процеси, а некои држави кои ќе се покажат како подготвени мислам дека дотогаш ќе станат и членки на ЕУ, рече Пицула за „Слободен печат“.
Пицула смета дека Македонија е држава која заслужува да биде меѓу оние кои ќе станат членки до 2030 и верува дека ќе ги избегне внатрешните турбулунции кои ќе го успорат процесот на европската интеграција.