04 Мај, 2024
0.0304

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

Објавено во: Македонија 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Младите на возраст меѓу 15 и 17 години иако по законите во Македонија треба да се во училишни клупи, сепак, се сметаат за работоспособни, а дел од нив се опфатени и на пазарот на труд. Анализата на Државниот завод за статистка покажа дека вкупното работоспособно население на возраст помеѓу 15 и 17 години изнесува 61.211, од кои 51 отсто се машки, додека 49 проценти се женски.

-  Станува збор за население кое согласно правната рамка за задолжително средно образование би требало да биде вклучено во образовен процес. Сепак, со оглед на показателот дека околу 15  отсто од младите на возраст за средно образование не се запишани во средно училиште, се истражува колкав дел се вклучени на пазарот на труд – се нагласува во истражувањето на ДЗС.

Од вкупното работоспособно население на 15 години кое изнесува 20.212 лица, 2 отсто или 339 се активни на пазарот на труд, а од нив, 20 отсто или 69 се вработени, останатите 80 проценти или 270 млади се невработени.

Вкупно работоспособно население на возраст од 16 години се 20.460 лица. Од нив, 586 лица или 3 отсто се активни на пазарот на труд. Во рамки на активното население 21 процент или 125 лица се вработени, 79 отсто или 461 млади се невработени.

Што се однесува пак до тинејџерите на возраст од 17 години, тука има вкупно 20.539 лица. Од нив, 966 лица или 5 проценти се активни на пазарот на труд, од кои 271 или 28 осто се вработени, додека 695 или 72 проценти се невработени.

-  Меѓу децата на возраст од 15 години кои во 2021 биле активни на пазарот на труд, 74 отсто се вклучени во секторот земјоделство, шумарство и рибарство. Додека 12 проценти од децата биле вработени во преработувачката индустрија, 4 отсто во неидентификувани услужни дејности, 3 проценти во трговија на големо/мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, додека во другите сектори на дејност нивното учество се движи помеѓу 0 и 1 процент – се појаснува во анализата.

Што се однесува пак до децата на 16 години вклучени на пазарот на труд, 49 отсто работеле во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, 16 проценти работеле во преработувачката индустрија, додека 11 отсто работеле во објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Меѓу децата на 17 години, 27 отсто работат во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, 21 процент во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 16 отсто во преработувачката индустрија, 14 проценти во трговија на големо/мало; поправка на моторни возила и мотоцикли.

Општини со највисок удел во работоспособното население на возраст од 15 години се Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Гази Баба и Чаир. Општини со повисок удел на работоспособно население на возраст од 16 години се Гази Баба, Куманово и Тетово. Во групата работоспособно население на возраст од 17 години, општини со повисок процент се Гази Баба, Чаир, Битола, Куманово и Тетово. Активно население на возраст од 17 години во повисок процент имаат општините Долнени, Јегуновце, Карбинци, Кривогаштани, Теарце, Сопиште и Радовиш.

-  Може да се констатира дека висок е процентот на деца без образование или со незавршено основно образование. Меѓу активното невработено население на возраст од 15 години 6 отсто се без образование, а дополнителни 7 проценти немаат завршено основно образование. Меѓу истата категорија на возраст од 16 години, 5 отсто немаат образование, 7 проценти се со незавршено основно образование, додека останатите 88 отсто имаат завршено основно образование. Во рамки на групата активни невработени млади на возраст од 17 години 4 проценти немаат образование, 5 отсто немаат завршено основно образование, 78 проценти имаат завршено основно образование, додека 12 отсто имаат завршено средно образование – се наведува во анализата.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите