Свет

Германија: Лебот и печивата поскапеа над просекот

07 мај 2024

Лебот и печивата во последните години во Германија се натпросечно поскапи. Од 2019 година, цените на пекарските производи се зголемени за повеќе од една третина, 34,3 отсто, објави Сојузниот завод за статистика по повод Денот на германскиот леб, кој се слави на 5 мај.

Во истиот период потрошувачките цени се зголемени во просек за 17,3 отсто.

Статистичарите објаснија дека потрошувачите морале да издвојат многу повеќе пари, особено за леб и печива, меѓу другото и поради зголемените трошоци за енергија и суровини.

Зголемувањето на трошоците за работна сила, исто така, може да биде причина за скокот на цените.

Како што објаснуваат, добрата вест за потрошувачите е што во последно време значително е забавен порастот на цените на лебот и печивата.

Во март цените се повисоки за 2,9 отсто од претходната година, додека во истиот период потрошувачките цени во просек пораснале за 2,2 отсто.

Извор: ДПА



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...