ВИДЕО | „Ова е страшно!“: Ирска со најконтроверзниот настап на првото полуфинале на Евровизија

Бамби Таг, Ирска / Фото: EPA-EFE/Jessica Gow/TT SWEDEN OUT

Бамби Таг (Bambie Thug) со песната „Doomsday Blue“ ја претставуваше Ирска во првата полуфинална вечер на Евровизија.

Бамби е небинарен уметник со интересен изглед и е еден од фаворитите, а пред настапот беше на петтото место во обложувалниците. Но, многумина не се ентузијасти за изгледот на уметникот, како и песната и настапот.

По снимките од генералните проби многу  фанови на натпреварувањето се огласија да се пожалат дека настапот е страшен и сатанистички. Своите мислења и впечатоци за перформансот ги споделија на популарната социјална мрежа Икс.

„Сатанистички“; „Ѓаволот е очигледно нормална работа денес“; „Ако вака сака Европа, немаме светла иднина“; „Се надевам дека ова нема да победи“; „Нема ни дa гледам бидејќи ова ќе победи“; „Имам кошмари од ова“, се само дел од незадоволните коментари упатени до младата пејачка.


Бамби вели дека се занимава со вештерство и посочува дека тоа е позната паганска ирска традиција.

Песната на Ирска припаѓа на новиот измислен жанр на музика, кој го создадоа „Ouija-Pop“ затоа што не сакаа да се ограничат само на еден звук.

Инаку, Ирска влезе во финалето, покрај Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска и Луксембург.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот