ВИДЕО | Инцидент во БиХ: Фудбалер постигна гол додека противникот се жалеше на повреда, па настана тепачка

Фото: Screenshot

Бизарна сцена беше видена на фудбалскиот натпревар помеѓу Јединство Бихаќ и Младост Добој Какањ во рамките од 24. коло од Првата лига на БиХ, второ по ранг натпреварување.

Се играше 70. минута кога домашниот тим имаше водство од 2:0, а тогаш еден нивни фудбалер падна на тревникот жалејќи се на повреда. Гостите кои во тој момент стигнаа до топката застанаа да му помогнат на повредениот играч, но еден играч одлучи да продолжи.

Енсар Имамамгиќ ја „украде“ топката и додека сите стоеа постигна гол. Ваквата ситуација беше причина за бурна реакција во гостинскиот состав, па настана и физичка пресметка.

Споменатата ситуација започнува на 2:28 во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот