ПРВИОТ ХЕВИ МЕТАЛ БАЛЕТ ИНСПИРИРАН ОД „БЛЕК САБАТ“ ЌЕ ОДИ НА МЕЃУНАРОДНА ТУРНЕЈА

Бирмингем, (Гардијан)

По успешната светска премиера во Велика Британија минатата година, балетот „Блек Сабат“, заснован врз музиката на легендарниот хеви метал бенд, ќе оди на меѓународна турнеја во 2024 и 2025. Балетот имаше премиера во септември во Бирмингем, од каде што потекнува славната група.

Нарачан од директорот на Кралскиот балет на Бирмингем, Карлос Акоста, претставата вклучува специјално подготвени оркестрации на песни од „Блек Сабат“ и нова музика инспирирана од бендот, сето тоа изведено во живо од Кралскиот балетски оркестар „Синфонија“.

Балетот имаше премиера во септември во Бирмингем (Фото: Гети)

Според авторот Ричард Томас, балетот зборува за четворица млади фабрички работници кои стануваат еден од најуспешните рок бендови во историјата. Балетот има три чина, со тројца композитори и тројца кореографи.

„Бев фасциниран од идејата. Не можев да замислам како ќе го спојат балетот со музиката на ‘Блек Сабат‘ и потоа помислив дека можеби ќе ги искористат помеките песни. Но, не, тие сакаат да играат на ‘Black Sabbath’, ‘War Pigs’ и ‘Iron Man’“, изјави лани легендарниот гитарист на бендот Томи Ајоми.

Засега се планирани изведби на балетот во Ротердам, Луксембург, Хамбург и Вашингтон.