Насловна / Вести / И дигиталниот отпад троши енергија

И дигиталниот отпад троши енергија

Дневните активности на корисниците на интернет го зголемуваат дигиталниот отпад бидејќи секој e-mail, фотографија, видео или документ кој се зачувува  online, бара дополнителна потрошувачка на електрична енергија на серверите, а јаглеродниот отпечаток се подига за различни дигитални активности, како streaming или користењето на cloud услуги кои ги процесираат податоците и трошат енергија, објавила компанијата Kaspersky, специјализирана за сајбер безбедност.

Насобраните стари мејлови, дупли фајлови и апликации кои не се користат, создаваат дигитален отпад кој дополнително троши енергија. Експертите од оваа компанија предложиле неколку начини за намалување на овој дигитален отпад, како на пример намалување на резолуцијата кај streaming-от, бришење на стари или дупли документи, откажување на претплата на разни newsletters, деинсталирање на апликациите кои не се користат, како и оневозможување на автоматски подесувања кај апликациите кои не бараат константни операции.

Испрати коментар

Scroll To Top