Се асфалтира „Личка“, се работи на вертикална сигнализација на повеќе локации во Кавадарци, се санираат полски патишта
24-08-2023 РЕГИОН

Од локална самоуправа Кавадарци информираат за активности на повеќе локации. 

Се асфалтира  ул. Личка во Кавадарци на површина од 500м2, откако претходно беше поставена атмосферска канализација со коругирани цевки Ф400 со должина од 230 метри. Инвеститор на проектот е Ј.П. Комуналец Кавадарци.

 

Денес се поставуваше  вертикална сигнализација на повеќе локации во Кавадарци,  новиот кружен тек на Булевар "Македонија", ул.  "Блажо Алексов" и ул."Ѓорѓи Соколов", а и комплетно се обележа вертикалната и хоризонталната сигнализација на ул. "Слога" информираат од локалната самоуправа. Се работеше и на демонтажа на старата и монтирање на нова заштитна еластична ограда од страна на ЈП Комуналец и ТППЕ Кавадарци.   Овој проект е во соработка со ЈПДП, се со цел зголемена безбедност во сообраќајот.

 

Општина Кавадарци постојано врши санација на полските патишта.  Денес се санира полскиот пат од Кавадарци кон МХЕЦ 5.
 
   

 



Share

Додади коментар