Захарова тврди дека Македонија протерала тројца руски дипломати
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2023
Русија тврди дека Македонија протерала тројца руски дипломати.
Македонија пред три дена протерала тројца руски дипломати, тврди амбасадата на Руската Федерација во земјава. Taa пренесува став на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова објавен на социјалните мрежи.
Захарова тврди дека македонските власти не ги објасниле причините за нивно прогласување за персона нон грата. Во интернет објавата, портпаролката на руското МНР го нарече македонскиот потег како неодговорен и непријателски чекор кој нема да остане без одговор. За руските тврдења дека се протерани нивни дипломати, засега нема потврда од македонските власти.