Германец се вакцинирал 217 пати против КОВИД

62-годишен маж од Германија, против лекарски совет, бил вакциниран 217 пати против Ковид, според лекарите.

Сето тоа се одвивало во период од 29 месеци. Бизарниот случај е документиран во списанието The Lancet Infectious Diseases, пишува BBC.

Изгледа дека човекот не претрпел никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг. "За неговиот случај дознавме преку написи во весниците. Потоа го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови во Ерланген. Тој беше многу заинтересиран за тоа", изјави др. Килијан Шобер од одделот за микробиологија на универзитетот.

Човекот дал примероци од свежа крв и плунка. Истражувачите тестирале и некои од неговите замрзнати примероци на крв кои биле складирани во претходните години. „Успеавме сами да земеме примероци од крв кога човекот примил дополнителна вакцина за време на студијата на негово инсистирање“, рече др. Шобер.

„Можевме да ги искористиме тие примероци за да одредиме точно како имунолошкиот систем реагира на вакцинацијата“, додаде тој. Државниот правобранител на градот Магдебург отворил истрага со обвиненија за измама, но нашле докази за 130 вакцини, па не е поднесена кривична пријава.

Вакцините можат да го научат телото како да се бори против болеста. mRNA вакцините функционираат така што на клетките на телото им покажуваат дел од генетскиот код од вирусот. Имунолошкиот систем тогаш треба да препознае и да знае како да се бори против Ковид ако навистина се соочи со него.

д-р. Шобер се загрижил дека хиперстимулирањето на имунолошкиот систем со повторени дози може да замори одредени клетки, но истражувачите не нашле докази за тоа кај 62-годишниот маж. Исто така, немало знаци дека тој некогаш бил заразен со Ковид.

„Важно е да не ја поддржуваме хипервакцинацијата како стратегија за зајакнување на адаптивниот имунитет“, забележале истражувачите. Резултатите од нивните тестови на 62-годишникот биле недоволни за да се извлечат далекусежни заклучоци, а камоли препораки за пошироката јавност.

„Тековните истражувања покажуваат дека вакцинирањето со три дози, заедно со редовните засилувачки вакцини за ранливите групи, сè уште е најдобриот пристап. Нема индикации дека се потребни повеќе вакцини“, се вели на веб-страницата на универзитетот.

Успешни Македонци во светот

Нашинецот од Австралија Златко Димовски со порака до Канал 5.

Моето име е Златко Димоски, ви пишувам и се надевам дека нашата успешна приказна можеби ке ви биде интересна.

Со моето семејство пред седум години заминавме во Австралија , ние сме спортско карате семејство, бевме многу успешни во Македонија и неколку пати сме биле гости во вашата ТВ ( семеен ручек на Вести и др емисии ). Како карате семејство успеавме да постигниме врвни спортски резултати на два континенти во Европа за македонија и на Океанија за Австралија.

Со мојата сопруга Елизабета Димоска бевме репрезентативци на Македонија а потоа успешни тренери и судии на Светската Карате Федерација .

Нашите керки близнаќки Мишела и Маријана Димоски беа едни од најдобрите и најуспешните каратисти на Македонија, ( две години по ред беа добитници на Спортски оскар за најуспешна шенска екипа во македонскиот спорт 2014 и 2015), освоија многу медали за Македонија на Светски и Европски првенства , К1 Премиер Лиги Балкански првенства.Заради нашите светски резултати на секој од нашето семејство Австралија ни понуди иселеничка виза за врвни достигања во спорт а нашите керки близначки добијаа две годишна олимписка стипендија од АИС- Австралиски Институт за Спорт и се првите во Австралија кои за карате беа спонзорирани од владата на Австралија.

Тие се единствените сестри во историјата на Светската Карате Федерација кои успеаа да се сретнат во финале на Светскиот Куп во Атина 2013 година,каде за Македонија освоија злато (Маријана) и сребро (Мишела) и 2013 беа прво и второ рангирани на Светската ранг листа. Покрај другите медали имаат освоено и сребрен медал од Светско Првенство Индонезија 2015 што е сеуште единствениот сребре медал од официјално Светско првенство за Македонија како и два бронзени медала од Европските првенства во Лисабон-Португалија и Лимасол -Кипар. Заедно имаат освоено 10 медали од Светските Купови за Јуниори и Јуниори У21, 11 медали од Светските К1 Премиер Лиги од кои 6 за Македонија и пет за Австралија,и околу 30 медали од Балканските првенства каде се сретнаа во финале на Балканските првенства во Атина 2010, Дубровник 2015, Херцег Нови 2017, Ларнака 2011...

Јас бев селектор на карате репрезентацијата на Македонија 16 години, и сега веке седум години сум селектор и национален тренер на Австралија, бев и првиот судија од Македонија кој се стекнал со Светска судиска лиценца.Во 2023 на Светското првенство во Будимпешта добив награда сребрена значка од претседателот на Светската Карате Федерација за 20 годишно судење на светските првенства, што е исто така своевиден упсех бидејки сум првиот Македонец кој добил ваква награда). Мојата сопруга Елизабета е првата жена од Македонија која положи за Светски судија во борби и заедно ја претставуваме Македонија на многу Европски и Светски првенства, а исто така од 2017 ја претставувавме Австралија на Светските првенства како судии во Мадрид и Будимпешта како и на Премиер Лигите во Јапонија, Индонезија, Турција, Хрватска, Нов зеланд ..Нашите керки се шест години шампиони на Австралија во сениори и континентални прваци на Океанија .

Имаат 5 медали од Океанија шампионатите. А во 2018 се сретнаа во финале на континенталното првенство во Нов Зеланд. За Австралија имаат освоено две сребра и три бронзи на К1 Премиер Лигите во Дубаи, Салзбург, Шангај, Истанбул...

Мишела освои сребро прво и се уште единствено за Австралија на Светскиот Куп во Умаг 2018 Маријана освои бронза но во 2017 година.

За нив пишуваше и познатиот Сандеј Тајмс. Живееме во Перт каде имаме три наши школи за карате, Ронин Карате . www.ronikarate4u.com.au

Ова е накратко, а во прилог ви испракам фотографии и линкови , доколку сте заинтересирани да ви бидеме гости во некоја од васите емиссии на вашата тв со задоволство би ја разкажале нашата приказна . Ние ке бидеме во Македонија од 14 - 20 Јуни, стои во маилот на Димовски до Канал 5 .

Баерн Минхен подготвува огромна сума за Френки де Јонг

 Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи.

Светска програма за храна на ОН-Луѓето во Газа се соочени со „целосно гладување“

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“.

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн, предупреди дека луѓето во северниот дел на Појасот Газа сега се соочени со „целосно гладување“.

Таа за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ.

„Има гладување, целосно гладување на север и се шири кон југ. Тоа е ужас“, изјавила Синди Мекејн, пренесува Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека нејзината организација бара прекин на огнот и непречен пристап до Газа со цел да испорача хуманитарна помош.

притисни ентер